Elena Teslova
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
МОСКВА
Дневниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 денес во Русија достигна рекрод. Вирусот во изминатите 24 часа однесе 613 животи па вкупниот број на смртни случаи достигна 45.893, наведе руската Работна група за итни случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Регистрирани се вкупно 28.585 нови случаи на Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата во земјата се забележани вкупно 2,59 милиони случаи на Ковид-19, по што Русија е четврта земја на светот по бројот на заразени, по САД, Индија и Бразил.
Според последните податоци, бројот на активни случаи изнесува 491.978.
Бројот на оздравени се зголеми за 26.171 во текот на претходните 24 часа и достигна 2,05 милиони, што вкупната стапка ја зголеми на 79,3 отсто.
Масовното вакцинирање во Русија започна оваа недела, а земјата во текот на последните неколку дена забележа благо намалување на пренесувањето на вирусот.
Експертите наведуваат дека за да се надмине моменталниот врв на пандемијата и за стабилен пад на новите случаи, дневниот број на случаи мора да се намали меѓу 24.000 и 27.000.