Furkan Abdula
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 78 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.673, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 568.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.150.
Во моментот активни се 2.995 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 138.325 тестирања за Ковид-19.