Mustafa Melih Ahıshalı
24 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 20.776, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 133 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 20.776.
Таа информираше дека во земјата дијагностицирани се уште 2.245 лица заразени со коронавирусот, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 361.150.
Според Лари, 3.848 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 311.365 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.062.422 тестирања за Ковид-19.