Admir Fazlagic
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија регистрирани се 98 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 15.925, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 9 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 661.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 13.418, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на овој вирус.