Admir Fazlagic
28 Август 2020•Ажурирај: 29 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 159 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 14.163, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 590.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.933.
Во моментот активни се 2.640 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.018 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 145.705 тестирања за Ковид-19.