Admir Fazlagic
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистирани 10 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1674, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април", соопшти Мнистерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на починати лица од последиците од Ковид-19 во земјата се искачи на 92.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени пациенти е 1205.
Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања.
„Во моментот, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 377", информираше Министерството за здравство на Северна Македонија.