Şenhan Bolelli
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
МАДРИД (АА) - Во Шпанија во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 176 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.920, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека е забележан пораст на бројот на починати во однос на вчера, кога починаа 123 лица.
Во соопштението се наведува дека се регистрирани 426 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број порасна на 228.030.
Во истиот период регистрирани се речиси 1.000 оздравени лица, со што бројот на излекувани пациенти се зголемил на 138.930.
Министерството за здравство издаде наредба за задолжителен карантин за лицата што од странство доаѓаат во Шпанија, а оваа наредба ќе стапи во сила на 15 мај и ќе се однесува на периодот на вонредната состојба.
Шпанските власти ја објаснија наредбата за задолжителниот карантин како „зајакнување на контролните мерки по повод нормализацијата во многу земји“.