Admir Fazlagic
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 115 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.308, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 557.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 9.977.
Во моментот активни се 2.774 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.825 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 134.318 тестирања за Ковид-19.