Admir Fazlagic
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистирани се 1.347 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 122.227, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 17 починати лица од последици на Ковид-19, со што вкупнта бројка на смртни случаи предизвикани од овој вирус се искачи на 3.545.
Регистрирани се 451 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројката на оздравени пациенти е 102.652, а бројот на активни случаи изнесува 15.030.
Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19, од кои 4.096 во последните 24 часа.