Zylfije Adem Jakupi
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа тестирани се 3.634 примероци сомнителни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од кои 781 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово информира дека од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубиле 17 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.803.
Од почетокот на пандемијата досега тестирани се 397.347 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 84.498 биле позитивни.
Во последните 24 часа оздравеа 764 лица, вкупно 69.887 од почетокот на пандемијата досега.
Во моментов во земјата се активни 12.808 случаи на заразување со Ковид-19.