Admir Fazlagikj
27 Јуни 2021•Ажурирано: 28 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 4 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.673, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие не се регистрирани смртни случаи од последиците предизвикани од Ковид-19, а билансот на починати од овој вирус во земјата е 5.484.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.961.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 228.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.514 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања.