Nuri Aydın
27 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
АНКАРА
Во Индија, една од земјите што се најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), продолжува тенденцијата на пад на бројката на новозаразени со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа се регистрирани 50.040 случаи на зараза, а починаа 1.258 лица позитивни на коронавирусот. Во истиот период оздравеа 57.944 лица кај кои претходно е детектиран Ковид-19.
Бројката на активни случаи во Индија опадна на 586.403 заразени.
Подолго од еден месец бројката на оздравени лица на дневно ниво ја надминува бројката на новозараени, со што делумно е отстранет товарот и притисокот врз здравствениот систем во Индија.
Во оваа земја досега оздравеа вкупно 29.251.029, т.е. процентот на оздравени изнесува 96,75 отсто.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 30.233.183, додека животот го загубија 395.780 лица позитивни на коронавирус.
Од 16 јануари досега дадени се над 321.760.000 дози вакцини.