Furkan Abdula
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 494 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 191.408, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште десет починати, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.668.
Институтот за јавно здравје регистрира 474 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 172.653.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 12.087.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.425 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања.