Husamedin Gina
22 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 57 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 342.469, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се пријавени нови починати лица од Ковид-19. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022.
Досега од последиците на Ковид-19 во земјата животот го загубија 9.526 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 332.319.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 624.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 704 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања.