Ekipa
13 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 8 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.536, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период нема пријавени смртни случаи. Билансот на починати од вирусот во земјата изнесува 5.471.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 149.628 лица.
Во моментот, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 437.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.068 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања.