Admir Fazlagic
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Репубика Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 990 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 47.050, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 починати се 24 лица во последното деноноќие, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 1.305.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: Скопје, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 27.364.
Бројот на активни случаи изнесува 18.381.
Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид -19. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.655 тестирања.