Admir Fazlagic
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев изјави дека е се поизвесно Бугарија да ја блокира Северна Македонија на Состанокот на Советот на Европската унија (ЕУ) во вторник, на 17 ноември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Заев денеска со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше во работна посета на ЈЗУ Општа болница - Струмица, а по изјавите следуваа новинарските прашања. Прашан од новинаите како ја коментира изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која кажала „не за Северна Македонија да започне преговори со ЕУ, но не кажала не за членство на земјата во унијата."
„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Сепак, никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста на политичарите е голема. Иако е ГАК е на 17( ноември), рековме до декември има време. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција", рече Заев во одговорот на новинрското прашање.
Тој додаде дека очекува одговорност и крик на пријателство од бугарската страна, потенцирајќи дека Северна Македонија е пријател на Бугарија.
„Ако се испрати негативна порака, сите знаеме што тоа непосакувано од двете страни може да се развие. Ни треба тоа. Ни треба пријателство, подадена рака, заедно да го чекориме европскиот пат", изјави Заев.
Според него, „македонскиот народ е голем пријател со братскиот бугарски народ".
„Македонскиот народ „никогаш не би ставил блокада или вето на бугатскиот народ", рече Заев напоменувјќи дека политичарите се тие кои треба да ги носат одлуките.
Потсетуваме, на 6 ноември, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, информираше дека на состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, Бугарија ја блокирала првата фаза во усвојувањето на преговарачката рамка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ.
Како што тогаш изјави премиерот Заев, со ова е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Според премиерот на Северна Македонија „тоа не значи дека шансите се изгубени, следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември“.
Во пресрет на одлуката за започнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, Бугарија на 16 септември, до земјите членки на ЕУ им испратила објаснувачки меморандум, кој се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија.