Балкан

Скопје: Илјадници луѓе изразија револт и солидарност по трагедијата во Кочани

Присутните побараа одговорност за трагедијата и го изразија својот револт, држејќи транспаренти со натписи како „Народот страда додека системот одмара“; „Корупцијата пали, невини горат“; „Рекордери во денови на жалост“;

Shpetim Hiseni  | 18.03.2025 - Обновена : 20.03.2025
Скопје: Илјадници луѓе изразија револт и солидарност по трагедијата во Кочани

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници луѓе, главно млади, се собраа на плоштадот Македонија во Скопје на мирен собир во чест на загинатите во пожарот што зафати ноќен клуб во Кочани, јавува Анадолу.

На собирот во центарот на главниот град на Северна Македонија, присутните побараа одговорност за трагедијата и го изразија својот револт, држејќи транспаренти со натписите „Народот страда додека системот одмора“, „Корупцијата пали, невини горат“, „Рекордери во денови на жалост“, „Сите години молчење завршуваат со едноминутен молк“ и „Ќе немаше волку крв ако сѐ беше по закон“.

Создавајќи ѕвездено небо, присутните изразија сочувство и заедништво.

Во раните утрински часови на 16 март, страшен пожар избувна во дискотека во Кочани, при што загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Според информациите од Министерството за здравство, 72 повредени лица се на лекување во странство, вклучително и во Туркије.

Правосудните органи на 16 лица им одредија краткотраен притвор. Како што е соопштено, дискотеката не работела според прописите и немала лиценца за работа.

Паралелни протести се одржуваат во многу градови низ Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.