Балкан

Турскиот амбасадор во Скопје се потпиша во книгата на жалост по трагедијата во Кочани

Улусој истакна дека Туркије, како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија

Elena Trenchevska Chekovich  | 18.03.2025 - Обновена : 19.03.2025
Турскиот амбасадор во Скопје се потпиша во книгата на жалост по трагедијата во Кочани Фото: Амбасада на Туркије во Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот на Република Туркије во Северна Македонија, Фатих Улусој, се потпиша во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за 59-те лица кои ги загубија своите животи во пожарот што избувна во дискотека во Кочани, јавува Анадолу.

Амбасадорот по потпишувањето во книгата на жалост во зградата на Министерството оствари средба со државниот секретар Елена Кузманоска при што изрази сочувство, како и желби за побрзо закрепнување на повредените во пожарот.

Улусој истакна дека Туркије, како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија.

Во Северна Македонија, поради седумдневната жалост, знамињата пред институциите и дипломатските претставништва се спуштени на половина копје, меѓу кои и пред турската Амбасада во Скопје.

Во пожарот во Кочани, предизвикан од пиротехнички средства, повредени се и над 150 лица, од кои најмалку 20 се во сериозна состојба. Девет повредени се префрлени на лекување во Истанбул и Анкара со медицински авиони испратени од Туркије.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.