Seyyid Emin
26 Октомври 2019•Ажурирај: 27 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Пред Мурат Пашината џамија во Старата скопска чаршија, се одржа Митинг за солидарност со Турција во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), јавува Anadolu Agency (AA).
На митингот учестуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, политичари од Северна Македонија и Косово, претставници на турски и локални организации во земјата, како и голем број граѓани, меѓу кои Турци, Албанци, Бошњаци, Роми и други.
На почетокот на митингот, ученици од основно училиште ја интонираа химната на Турција, и беа извикувани пароли како „Реџеп Таип Ердоган“, а учесниците на митингот носеа транспаренти со различни написи за поддршка на Турција.
Амбасадорката Кара во нејзиното обраќање пред присутните упати благодарност до МАТУСИТЕБ, кој според неа вложил напори со цел сонародниците во оваа земја да имаат мир и благосостојба.
„Упатувам благодарност до МАТУСИТЕБ поради покажаната солидарност со нашата земја, и сакам да нагласам дека нашата земја се гордее со вас“, рече таа.
Кара нагласи дека сонародниците во Северна Македонија се најзначајниот елемент на пријателството меѓу двете земји.
„Љубовта и солидарноста која ја покажувате кон Турција, нè прави уште помоќни“, нагласи Кара, додавајќи дека Турција како во минатото така и во иднина ќе стои до турската заедница во Северна Македонија.
Од друга страна, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, рече дека покрај Турците, на митингот учествувале и Албанци, Бошнаци како и Роми, упатувајќи поздрав до претседателот на Турција, Реџел Таип Ердоган, како и до, како што рече, „сите наши браќа во Анадолија“.
Емин истакна дека секогаш ќе стојат покрај Турција, нагласувајќи дека свесни се оти Турција има за цел да го заштити својот територијален интегритет, да ја елиминира терористичката закана и секое илегално структурирање.
Според Емин, Турција постигнала сериозна победа и од воен и од дипломатски аспект.
Тој нагласи дека стабилна и безбедна Турција значи стабилна и безбедна Северна Македонија и стабилен и безбеден Балкан.
„Нашата татковина Турција е братска и пријателска земја на нашата земја Северна Македонија. Таа е прва земја која ја признала Северна Македонија, и сè уште имаме добри односи во повеќе области. Ние силно нагласуваме дека ние како граѓани на Северна Македонија секогаш сме во поддршка на братската и пријателската земја Турција во нејзините тешки денови“, рече Емин, додавајќи дека секогаш стојат до претседтелот Ердоган кој го опиша како главен командант, како и до припадниците на Вооружените сили на Турција.