Riyaz Khaliq Khaliq
17 Јануари 2022•Ажурирај: 18 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека иако на Блискиот Исток не постои „вакуум на моќта“, тој регионот страда од конфликти поради странското мешање интервенции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ванг Ји рече дека забрзаното повлекување на Соединетите Американски Држави (САД) од регионот минатата година предизвикало хаос во регионот, објави денес кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“.
Ванг ги даде овие коментари во разговор со медиумите оваа сабота откако беше домаќин на највисоките дипломатски претставници на Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт, Оман, Турција и Иран и генералниот секретар на Советот за соработка во Персискиот Залив (GCC) во градот Вукси во покраината Џиангсу во источна Кина.
„Блискиот Исток има долга историја, уникатни култури и изобилство природни ресурси, но во исто време, регионот страда од долготрајни немири и конфликти поради странското мешање“, рече Ванг.
Покрај шефовите на дипломатии на Турција и Иран, кои престојуваа во во еднодневна посета на Вукси, генералниот секретар на Советот за соработка во Персискиот Залив и регионалните министри за надворешни работи беа во петдневна посета на Кина.
„Кина отсекогаш го поддржувала Блискиот Исток да ја оствари стабилноста и да го забрза неговиот развој. Ние веруваме дека народите од Блискиот Исток се господари на Блискиот Исток. Никогаш не постои „вакуум на моќта“ и нема потреба од 'патријархат однадвор'“, тврди Ванг.
Кинескиот министер нагласи дека фактите „постојано докажуваат дека меѓународната заедница може да придонесе за стабилноста на Блискиот Исток, но тоа не треба да создава проблеми“.
„На Блискиот Исток му треба развој, а земјите од регионот можат да учат од моделите однадвор, но не треба директно да ги копираат тие модели. Неолиберализмот не е лек против сите болести“, рече Ванг за новинарите.