Shpetim Hiseni
12 Јануари 2025•Ажурирај: 13 Јануари 2025
СКОПЈЕ (АА) – Скопје денес се разбуди украсено со бела покривка по снежните врнежи кои почнаа да паѓаат од синоќа во главниот град на Северна Македонија и државата воопшто, јавува Анадолу.
Зградите и улиците низ градот се облечени во бело руво, а голем број граѓани излегоа да уживаат на снегот.
Надлежните во земјата воведоа ограничувања за сообраќај на тешки возила на неколку патни правци поради снегот, апелирајќи на зголемена внимателност при движење.
Според прогнозите, времето со повремени врнежи од снег се очекува да продолжи и во наредните два дена.