Alma Dekovic
12 Јануари 2025•Ажурирај: 12 Јануари 2025
ЗАГРЕБ (АА) - Вториот круг од претседателските избори во Хрватска започна со отворање на гласачките места денес во седум часот, јавува Анадолу.
Над 6.700 избирачки места во земјата и во странство, на кои граѓаните ќе бираат меѓу двајца претседателски кандидати, ќе останат отворени до 19 часот, до кога ќе трае изборниот молк.
Кандидатите за нов петгодишен претседателски мандат кои имаа доволен број гласови за вториот круг се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидатот на СДП и партнерите и Драган Приморац, кандидатот на ХДЗ и партнерите.
Милановиќ, според гласовите објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг од претседателските избори освоил 49,09 отсто или 797.936 гласови, а Приморац 19,35 отсто, односно 314.663 гласа.
Право на глас на претседателските избори имаат 3,7 милиони граѓани.
Во првиот круг гласаа вкупно 1.625.458 гласачи, што е 46,03 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи.