Husamedin Gina
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, во Џамијата „Мустафа паша“, пред почетокот на попладневната молитва се одржа програма за читање на делови од светата книга на муслиманите, Куранот, по повод 15 Јули - Денот на демократијата и националното единство во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Програмата се одржа под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, од страна на Советништвото за верски прашања при Турската амбасада во Скопје и Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.
На денешната програма присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мустафа Местен, координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, директорот на Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу, главниот извршен директор на „Халкбанк“ АД Скопје, Билал Суџубаши, претседателот на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и претставници на турските организации и институции во земјата и граѓани.
Во рамките на програмата свое обраќање имаше Мустафа Местен, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, кој се осврна на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција.
Мустафа Местен, потсетувајќи дека граѓаните излегоа на улиците во ноќта на обидот за пуч по повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече дека граѓаните застанале пред тенковите, топовите и ги жртвувале своите животи.
„Откако ја видовме оваа слика, во потполност сме уверени дека никаква сила или моќ, независно дали е внатрешна или надворешна, нема да впери очи во нашата татковина, знаме, земја и во нашите свети верувања“, нагласи Местен.
Во рамки на програмата, покрај читањето на делови од Куранот, се учеа и илахии.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а повредени беа 2.734 лица.