Furkan Abdula
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа прес-конференција по повод традиционалниот турнир во пеливанско борење под мотото „Традицијата продолжува“ кој се организира во недела, на 17 септември оваа година во скопско Студничани со поддршка на Турксата агенција за соработка и координација (ТИКА) и Министерството за култура на Македонија, под организација на здружението АКСИ од Студеничани, јавува Anadolu Agency (AA).
Соработници на оваа организација се Светската федерација на балканските здруженика и на Светската конфедерација на Етноспортови.
На оваа конференција беа пристуни претседателот на здружението АКСИ, Афет Јашари, претседателот на Светската федерација на балканските здруженија, Реџеп Варол, како и заменик-претседателот на Светската конфедерација на Етноспортови, Хакан Казанџи.
Јашари истакна дека турнирот која традиционално се организира во Студеничани, е меѓународен фестивал на кој учествуваат пеливани од голем број земји од Балканот.
„Ние исто така на овој фестивал му дадовме културен карактер, каде чествуваат и културно-уметнички здруженија кои ги претставуваат народните ора и песни на сите националности кои живеат во Македонија", рече Јашари.
Тој потсети дека традиционалниот спорт на пеливанство во Турција и на Балканот го претвориле во една петвековна традиција, истакнувајќи дека здружението кое тој го води ја носи одговорност за зачувување на оваа традиција.
Јашари упати благодарност до ТИКА и Министерството за култура на Македонија за поддршката, како и до Светската федерација на балканските здруженија и Светската конфедерација на Етноспортови за нвната соработка.
Од друга страна, Реџеп Варол, упати благодарност до претседателот на Светската конфедерација на етноспортови, Билал Ердоган, син на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за неговиот придонес во овој проект.
„Оваа активност истовремено е многу значајна за понатамошно унапредување на братството меѓу Анадолија и Балканот, бидејќи се работи за едно петвековно братство. Ние имаме долга историја, долго минато“, рече Варол.
Меѓудругото, Казанџи им се заблагодари на оние кои дале придонес во овој турнир, кој, како што рече продолжува веќе 500 години, и оваа година се организира по седми пат во организација на здружението АКСИ.
Казанџи истакна дека тие имаат обврска да ја ревитализираат Османлиската култура и вредностите.
„Пеливанството е главен спорт што ние треба да им го пренесеме на идните генерации, на нашите деца“, порача Казанџи.
Инаку, на традиционалниот турнир во пеливанско борење кој почнува утре, на 17 септември, во скопско Студеничани, учествуваат околу 100 пеливани од различн земји, меѓу кои од Турција, Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Грција.