Stipe Mayiç
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
ЗАГРЕБ (AA) - Жупанскиот суд во Загреб утрово го прогласи за виновен поранешниот премиер Иво Санадер и двајцата сообвинети за случајот „Планинска“, јавува Anadolu Agency (AA).
Санадер е неправосилно осуден на четири години и шест месеци затвор, а на Стјепан Фиолиќ и на Младен Минаревиќ им е досудена казна од една година, која е заменета со општествено корисна работа.
По четиригодишно судење, во образложението за пресудата на Советот на загрепскиот Жупаниски суд, под председавање на судијката Јасна Смиљаниќ, утврдено е дека Санадер е виновен бидејќи барал провизија од милион евра. Ова го потврди сообвинетиот, Стјепан Фиолиќ. За виновен е прогласен и Младен Минаревиќ.
„Со Стјепан Фиолиќ, кој во времето на извршените дела бил пратеник од редовите на ХДЗ во хрватскиот Сабор, Санадер договорил дека владата по цена значително поголема од пазарната ќе одобри купување на недвижнина за потребите на Министерството за регионален развој“, се вели во образложението на пресудата.
Покрај трите физички лица, за виновни се прогласени и две правни лица, Месара „Фиолиќ“ и Центарот за репродукција во сточарството.