Ekip
10 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ТИРАНА (АА) - Снежните врнежи и ниските температури во последните денови предизвикаа застој во сообраќајот во земјите од регионот, особено во планинските области, јавува Anadolu Agency (AA).
Снегот блокираше некои патишта во Македонија, особено во планинските области, а на сила е и забрана за движење на тешките товарни возила во некои планински предели. Движењето на возилата во земјата, воглавно се одвива без потешкотии.
Воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје, според информациите на интернет страницата на аеродромот, се одвива без застој.
Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија соопшти дека снежните врнежи ќе се интензивираат во попладневните часови, особено во западните и северните делови на земјата.
Во Косово главните патишта се проодни, иако поради снегот кој без прекин врне сообраќајот е отежнат.
Од Министерството за инфраструктура на Косово е соопштено дека и покрај лошите временски услови, непрекинатите снежни врнежи и студеното време, работat на терен за да се обезбедат услови за сообраќај. Министерот за инфраструктура Пал Лекај упати апел до сите возачи на дополнителна внимателност, прилагодување на возењето според атмосферските можности и задолжително користење на зимската опрема.
И во главниот град на Косово, Приштина, сите патишта се проодни, но поради голема количина снег и неочистени троторари граѓаните имаат бројни потешкотии. Претседателот на општина Приштина, Шпенд Ахмети соопшти дека се ангажирани компании со полн капацитет работат на чистење на улиците.
Во Албанија, покрај сообраќајот, кој во некои делови на земјата се одвива тешко, лошите временски услови ја прекинаа наставата во неколку градови.
Се очекува температурите да достигнат до -5 степени Целзјусови во планинските области, а минималната температура да достигне 3 степени.