Nuray Tunçay
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Мостот преку Босфорот во Истанбул, по краткиот застој поради сомнително возило, повторно е отворен за сообраќај, јавува Anadolu Agency (AA).
Мостот над Босфорот кој ги спојува европскиот и азискиот дел на Истанбул, денес попладне беше затворен за сообраќај поради „сомнително возило” оставено на едниот крај на мостот.
На местото на настанот пристигнаа припадниците на турската полиција, кои извршија детална истрага.
Автомобилот потоа е тргнат, а мостот е повторно отворен за сообраќај.