Zülfiya Yakup
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателството на Собранието на Косово на денешниот состанок одлучи во вторник да се одржи вонредна седница на Собранието на која ќе се дискутира за задржувањето во притвор на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателството со кое претседаваше потпретседателот на Собранието, Џавит Халити, оцени дека барањето на парламентарната група ААК, кое го потпишаа 43 пратеници ги исполнува потребните услови за свикување на вонредна седница на Собранието на Косово, соопштено е од Собранието на Косово.
Рамуш Харадинај, поранешниот премиер на Косово и поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, е задржан во среда на аеродромот во Базел од страна на француската полиција по потерница на Србија од 2004 година, врз основа на обвинението за надовно воено злосторство врз цивилното население за време на судирите во Косово.
Апелациониот суд на Франција во четврток одлучи Харадинај да се задржи во притвор до барањето на Србија за негово испорачување.