Andelija Stojkovic
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 227 лица заразени со коронавирусот од 5.933 тестирани лица, а две лица починаа, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што се наведува на веб-страницата covid19.rs, активни се 1.187 случаи, а на респиратор се приклучени 32 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починаа вкупно 267 лица, а стапката на смртност изнесува 1,94 отсто.
Во Србија досега регистрирани се вкупно 13.792 случаи на коронавирусот, а тестирани се 380.808 лица.
Потврдено дека министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, е заразен со коронавирусот, како и претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ.
Бидејќи Гојковиќ и Вулин биле во контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неговата советничка за медиуми, Сузана Васиљевиќ, за белградскиот портал nova.rs изјави дека медиумите ќе бидат информирани доколку се промени здравствената состојба на српскиот претседател.