Bojana Stojanovic
07 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
БЕЛГРАД (АА) - Досега во Србија против Ковид-19 се вакцинирани околу 39.000 странски државјани, најмногу од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, изјави директорот на владината Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„До овој момент вакцинирани се околу 39.000 странци“, изјави тој за Радио-телевизија Србија (РТС).
Како што потсети, од денеска започнува новиот вид вакцинација на српските граѓани, бидејќи локалните самоуправи организираат пунктови за имунизација на кои граѓаните можат да дојдат без претходно пријавување.
„На пунктовите каде што граѓаните ќе доаѓаат без пријавување, на располагање ќе бидат вакцините на „Синофарм“ и „АстраЗенека“, бидејќи најлесни се за аплицирање и овозможуваат тимовите да излезат на терен“, објасни Јовановиќ.
„Сега влегуваме во петта брзина и имаме амбиција до крајот на месецот да извршиме уште 500.000 вакцинации“, наведе Јовановиќ.
Според него, во Србија досега се администрирани над 2.650.000 дози, а втората доза ја примиле над 1.129.000 луѓе.
„Имунизирани се околу 810.000 граѓани, што значи дека кај нив поминале три недели откако ја имаат примено втората доза на вакцината“, нагласи Јовановиќ.