Andelija Stojkovic
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во последните 24 часа во Србија починаа уште три лица заразени со вирусот Ковид-19, а регистрирани се уште 275 нови случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Србија вкупно се заразени 3.380 лица, починаа 74 лица, хоспитализирани се 2.436, а на респиратор се наоѓаат 145 лица.
Со коронавирусот во Србија заразени се и 27 деца, како и 441 здравствен работник, од кои 228 се во болница.
Вирусот е регистриран и кај 31 лице што се сместени во домот за стари лица и се чекаат резултати за повеќе од 100 корисници.
Вкупната бројка на тестирани изнесува 16.399.
Во однос на починатите лица, во последните 24 часа починаа 2 жени и едно машко лице.
Епидемиологот Предраг Кон рече дека смета оти оваа недела ќе се дојде до максимумот, а дека за укинување на мерките е потребно најмалку две недели бројот на заболените да биде во пад.
Ова е првата прес-конфереција на која не присуствуваат новинарите, туку прашањата се поставуваат преку и-мејл.
„Ние сме прашани дали сме согласни и рековме дема сме, знаеме дека има заразени во редакции, тоа беше причината да се одржуваат пресовите онлајн. Тоа се прави и во другите земји, не видовме проблем во тоа“, вели епидемиологот Предраг Кон.