Islam Doğru
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) надмина половина милион, додека бројката на починати се искачи на 18.777 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 35.316 лицe, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 501.615 лица.
Во последните 24 часа починале уште 2.091 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 18.777 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 161.852 случаи, и Италија со 147.577 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 174.489 случаи и 7.887 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (54.588 случаи, и 1.932 починати) и Мичиген (22.234 случаи, и 1.276 починати).
Денес се излекувани 2.669 лица од овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани лица изнесува 29.191.