Bojana Stojanovic
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија од коронавирусот во изминатите 24 часа починаа уште четири лица, уште 242 лица се разболеа, додека во земјата моментално има 1.433 активни случаи на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно регистрирани се 14.228 случаи.
Од вчера, тестирани се 7.150 лица, од кои 242 се позитивни на коронавирусот.
Во претходните 24 часа починаа уште четири лица, со што бројот на досега починатите порасна на 274. Стапката на смртност е 1,92 отсто.
На респиратори се 36 пациенти. Од почетокот на епидемијата во земјата до сега тестирани се 392.863 граѓани.