Dejan Maksimovic
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ЉУБЉАНА
Владата на Словенија денес објави дека во последните 24 часа се регистрирани четири нови случаи на заразување со Ковид-19. Јелко Кацин, портпаролот на Владата изјави дека поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 е донесена одлука дозволениот број на луѓе на јавните собири од 500 да се намали на 50, објавиja словенечките медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вчера беа извршени 300 тестирања од кои еден позитивен случај на Ковид-19 потврден во Љубљана, а три во Рацне на Корошке. Осум луѓе моментално се наоѓаат на лекување во болниците, што е еден пациент повеќе отколку ден претходно. Во Словенија моментално нема пациенти на интензивна нега, наведоа од Владата.
Кацин појасни дека од одлуката за ограничувањето на бројот на присутни на јавните собири биле исклучок настаните кои ќе добијат дозвола од Националниот институт за јавно задравје.
Во Словенија во последните седум дена се потврдени 64 нови случаи на Ковид-19, откако со недели не беа регистрирани повеќе од два случаи во еден ден. До сега во Словенија се извршени 99.245 тестови. Потврдени се 1.585 случаи на заразување со Ковид-19, додека од последиците починаа 111 лица.