Стана инспирација: Алмир од Босна и Херцеговина на една нога ги освојува скијачките патеки
Познатиот сараевски угостител на 8-годишна возраст доживеал тешка сообраќајна несреќа. Тоа што ја изгубил едната нога не го поколебало и го задржал позитивниот поглед кон животот што на крајот го довело до скијање.
САРАЕВО (АА) - Храбриот Алмир Дрнда од Босна и Херцеговина, познат како Халф, стана инспирација за скијачите на Бјелашница, откако го совлада скијањето на една нога затоа што другата му е ампутирана, јавува Анадолу.
Познатиот сараевски угостител на 8-годишна возраст доживеал тешка сообраќајна несреќа. Тоа што ја изгубил едната нога не го поколебало и го задржал позитивниот поглед кон животот што на крајот го довело до скијање.
- Неверојатно чувство -
„Се надевам дека повеќе лица со извршена ампутација ќе ги поттикнам да скијаат бидејќи нѐ има, ние сме земја што изглезе од војна. Не е тешко, може да се направи“, рече 47-годишниот жител на Сараево во интервјуто за Анадолу.
Дрнда рече дека сè започнало откако го убедил локалниот инструктор и дека имал поддршка од сите што тој ден се нашле на планината.
За неговата желба најдобро зборува тоа што скиите ги добил во вечерните часови, а по половина час, во 21:30 часот, бил на патеката на Бјелашница.
„Брзо организирав сѐ за да се качам на скии и да почнам да скијам. Бев среќен како мало дете. Видов деца и луѓе како скијаат и навистина сакав да скијам. Првото чувство беше неверојатно“, изјави Дрнда.
Вистински предизвик го чекал наредниот ден кога со инструкторот имал четиричасовно спуштање по детската патека.
„Се спуштивме, веќе беше темно, патеките беа затворени. Влеговме во 'Бенетон' (ресторан на подножјето на патеката, заб.ав.) и во главата ми беше мислата да се откажам. Си помислив, се спуштив и тоа е тоа. Ова не е за мене“, рече Дрнда.
- Стана дел од планината -
Во тој момент ја добил поддршката од присутните гости што му честитале на волјата и трудот и го охрабриле да продолжи.
„Ако се откажев, ќе ги изневерев децата, планината, себеси и сите. Би ми било жал. Сега уживам и тоа е тоа. Навистина уживам. Сега ова е зависност. Ме исполнува. Јас сум дел од планината и максимално уживам во неа. Друштвото е одлично, планината е врв, патеката. Сѐ е одлично. Нема мерило за ова чувство на среќа“, изјави тој.
Тој нагласи дека имало изненадувачки број реакции и коментари за неговото скијање и видеото што е објавено на социјалните мрежи на Олимпискиот центар Бјелашница и Игман.
„Ми пријде едно момче, вели дека сум негова инспирација. Почнал да скија. Се надевам дека ќе дојдат уште лица на кои им е извршена ампутација. Тука сум, ќе помогнам. Ништо не е тешко, нема оптоварување, може да се направи“, рече Дрнда.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.