Andelija Stojkovic
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
БЕЛГРАД (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг допатува денес во Србија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла" го дочека министерот за одбрана Александар Вулин, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешниот дочек на генералниот секретар на НАТО присуствуваше и амбасадорот на Србија при мисијата на НАТО во Брисел, Миомир Удовички и шефот на војната канцеларија за врска во Белград, бригадниот генерал Џезаре Маринели, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Столтенберг во пресрет на посетата оцени дека дијалогот на Белград и Приштина е клучен за мирот и безбедноста во регионот.
Нагласи дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите кои водат кон нормализација на безбедносната ситуација и спуштање на тензиите во регионот, „затоа што луѓето од регионот заслужуваат подобра иднина ако дел од евроатланската заедница".
Столтенберг во Србија престојува до понеделник, кога ќе се состане со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнаиќ и ќе учествува на Белградскиот безбедносен форум.