Hasan Esen
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека се загрижени од настаните во Јемен, но она што го прават тие како НАТО-Алијанса е поддржување на меѓународните напори за да се најде мировно решение, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за медиумите пред Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, Столтенберг нагласи дека на дводневниот самит ќе се разговара околу соработката меѓу ЕУ и НАТО, борбата против тероризмот, Северна Кореја, и за политиката на отворена врата.
Столтенберг се осврна на настаните во Јемен: „Загрижени сме од состојбата во Јемен бидејќи се убиени голем број лица. Владее состојба на конфликт која трае долго време“.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека НАТО не е дел од конфликтот и оти не е присустен во Јемен.
„Она што го правиме ние како алијанса е поддржување на меѓународните напори за да се најде мировно решение и да се стави крај на насилството во Јемен“, нагласи Столтенберг.
- „Не планираме да го напуштиме Косово“
На новинарското прашање дали НАТО ќе го продолжи своето присуство во Косово, Столтенберг истакна: „Немаме никаков план во насока на напуштање на Косово. КФОР игра значајна улога во помагањето за обезбедување сигурност и стабилност на Косово. Процените што ги правиме на теренот укажуваат на важноста на потребата за присуството на НАТО во Косово“.