Zülfiya Yakup
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес се состана со министерката за одбрана на Словенија, Андреа Катиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тачи ѝ се заблагодари на министерката Катиќ за поддршката што Словенија му ја дава на Косово, и изрази подготвеност за продлабочување на добрата соработка меѓу Косово и Словенија во иднина. Министерката Катиќ, исто така, изрази задоволство за соработката меѓу двете земји, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Косовскиот претседател ја информираше словенечката министерка за регионалната соработка на Косово.
„Имаме добра билатерална соработка, политичка соработка, економска и културна соработка со земјите од регионот, дури и со оние што не го признале Косово“, изјави Тачи.
Тачи зборуваше и на најавената трансформација на Безбедносните сили на Косово во Вооружени сили на Косово. Тој изјави дека косовската војска ќе биде професионална, во согласнот со стандардите на НАТО, мултиетничка и во служба на сите граѓани на Косово.