Балкан

Во болница во Загреб згрижени двајца повредени во пожарот во Кочани

Од Владата на Хрватска соопштија дека на барање на Северна Македонија организирале медицинска евакуација на пациентите со изгореници

Adis Karadza, Elvır Hodzıc  | 18.03.2025 - Обновена : 18.03.2025
Во болница во Загреб згрижени двајца повредени во пожарот во Кочани Фото: Umeys Sulejman/АА

САРАЕВО (АА) - Двајца пациенти што се повредени во пожарот во Кочани, Северна Македонија, синоќа пристигнаа во Хрватска, јавува Анадолу.

Од Владата на Хрватска соопштија дека на барање на Северна Македонија организирале медицинска евакуација на пациентите со изгореници.

„Првите двајца пациенти пристигнаа синоќа и сместени се на Клиниката за трауматологија при Клиничката болница 'Сестри милосрдници' во Загреб, каде што им се укажува медицинска нега", објави Владата на Хрватска на социјалната мрежа Х.

Во дискотеката во Кочани избувна пожар предизвикан од пиротехнички средства, при што загинаа 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 потешко.

Девет повредени лица се пренесени во Истанбул и Анкара со медицински авиони пратени од Туркије.

Во соседна Србија се пренесени 29 повредени лица, а неколкумина повредени се однесени на лекување во Австрија и Грција.

Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна национална жалост, а градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.