Admir Fazlagic
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд на Република Македонија денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца. По изјаснувањето на сите судии се прејде на гласање при што иницијативата за поведување постапка беше отфрлена.
Подносители на иницјативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум, се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.
Подносителите на иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распишување на референдум, сметаат дека одлука за референдумот не е во согласност со Уставот на Република Македонија, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.
Потсетуваме, Владите на Република Македонија и Република Грција во јуни оваа година, во Преспа го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој, Република Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија.
Дел од спроведувњето на Договорот е и одржување референдум во Македонија, кој е закажан за 30 септември оваа година. Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Грција?".