Davut Çolak
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
КОПЕНХАГЕН (АА) - Во Данска е откриен високо заразниот индиски сој на коронавирусот, соопшти данскиот министер за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Имаме ситуација во станбена област во Глоструп со индискиот сој. Иницирано е интензивно откривање на инфекцијата за што имаме тесна соработка со општината“, напиша Магнус Хеунике на Твитер.
Државната телевизија ДР објави дека сојот се шири 50 отсто побрзо од британскиот сој.
Од 27 декември 2020 година, кога започна првата вакцинација во Данска, со популација од околу 5,8 милиони жители, вакцинирани се над 1,8 милиони луѓе.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата однесе повеќе од 3,4 милиони животи во 192 земји и региони, со над 166 милиони регистрирани случаи на вирусот во светот.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји според бројот на заразени и смртни случаи.