Associated Press
22 Јули 2024•Ажурирај: 23 Јули 2024
ЗАГРЕБ (АА) - Маж влегол во дом за стари и немоќни лица во централна Хрватска и убил 5 лица, објавија хрватските медиуми, пренесува Анадолу.
Медиумот „Индекс“ објави дека 5 лица починале веднаш, додека на останатите лица им е укажана медицинска помош.
Напаѓачот избегал од местото на настанот, но полицијата набргу го фатила во кафуле во близина на објектот во градот Дарувар.
Полицијата ги истражува мотивите за нападот.