Stipe Mayiç
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЗАГРЕБ (АА) - По вчерашната целодневна расправа за доверба на хрватскиот министер за финансии, Здравко Мариќ, пратениците денес со ист број на гласови беа „за“ и „против“ отповикување на министерот Мариќ, јавува Anadolu Agency (AA).
По гласањето во собраниската сала, каде што гласаа вкупно 150 пратеници, од кои 75 беа „за“, а 75 „против“, беше заклучено дека не е изгласана недоверба на министерот Мариќ.
Претседателот на Собранието, Божо Петров, по завршувањето на гласањето, истакна дека нема парламентарно мнозинство.
Со својот глас за поддршка на министерот Мариќ изненади пратеникот Томислав Сауча, неодамна исклучен од СДП поради аферата со „дневниците“.
Кога е повикан да го даде својот глас, собраниската сала ја напушти пратеникот Жељко Гласновиќ.
По утврдената состојба, претседателот на Собранието, Божо Петров, повика на пауза.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за сето ова ќе се произнесе на конференција во Владата.