Stipe Mayic
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватската полиција доби известување дека поранешниот прв човек на „Агрокор“, Ивица Тодориќ (1951), е уапсен во Лондон, за што официјално е известена и јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хрватската полиција доби известување дека Ивица Тодориќ (1951) беше повикан во полициската станица Черинг во Лондон, каде што е уапсен врз основа на европската потерница издадена од хрватската полиција", информираше хрватското Министерство за внатрешни работи.
Со ова се потврдуваат неофицијалните вести коишто претходно беа емитувани од хрватските медиуми дека Ивица Тодориќ се предал во лондонската полиција.
Предавањето на Ивица Тодориќ во исто време не значи екстрадиција, бидејќи неговите адвокати имаат право да бараат заштита од британските власти, поради можноста за политички прогон во Хрватска.
Ако тоа го побараат адвокатите на Тодориќ, процесот за екстрадиција во Хрватска би можел да биде одложен за неколку месеци.