Bekim Laci
07 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Мисијата на Организацијата за соработка и безбедност на Европа (ОБСЕ) и амбасадаа на Соединетите Американски Држави (САД), во Скопје започна тридневната конференција „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор“, која има за цел да го подобри пристапот во земјата во борбата против тероризмот и насилната радикализација преку зголемување на регионалната соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, во неговото обраќање истакна дека Македонија и другите земји од Балканот, постојано имаат закани од тероризам и насилниот екстремизам. Според неговото мислење, се повеќе е присутен феноменот на „странски борци“, со што десетици илјади лица од целиот свет им се придружиле на различни паравоени формации, една од тие, како што рече Заев, е терористичката структура ДЕАШ.
Македонскиот премиер нагласи дека овие појави се меѓу главните приоритети на Македонија.
„Со одлука на Владата ова лето, Македонија формираше национален комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам, како важна одредба од Планот 3-6-9 за зајакнување на институционалната структура за борба со овие безбедносни предизвици. Заканата од зголемената радикализација и од странските борци е загриженост што ја делиме сите држави од Западен Балкан.Таа радикализација се заканува и на регионалната стабилност со повремено политизирање и поделби во регионот најчесто на меѓуетнички и верски план", рече премиерот Заев кој ја поздрави иницијативата за основање на регионалната платфорна за борба против тероризмот и насилниот екстремизам.
Премиерот Заев истакна дека тероризмот не познава религии или етнички заедници и затоа борбата против насилните закани нема религија, ниту етничка припадност.
Од друга страна, на отварањето на конференцијата, американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли рече дека превенција на тероризмот бара сеопфатен пристап, бидејќи, како што рече, не е доволна само рабтата на полицијата, туку потребно вклучување на целото општество во справување со оваа појава.
Меѓудругото, американскиот амбасадор рече дека една од предностите на Македонија во борбата против тероризмот е малата површина на земјата, која придонесува граѓаните повеќе да се познаваат меѓусебено, но, тој додаде дека, една од темите кои не треба да се игнорираат и за која треба да се зборува отворено е тоа зошто 150 државјани на Македонија му се придружиле на ДЕАШ во Сирија и Ирак, како и да се зборува отворено што ќе се случи со нив кога ќе се вратат дома.
„Нема да има решение се додека сите не почнат да зборуваат за проблемот на искрен, непристрасен и на директен начин. Токму тоа е еден од столбовите на овој дијалог, отворен дијалог врз основа на меѓусебна доверба за да се утврди како можеме подобро да работиме за решавање на проблемот“, смета Бејли.
Истакнувајќи дека покрај драстичното намалување на бројот на терористичките борци од Западниот Балкан во Сирија и Ирак во последните две години со напорите на владите, проблемот не е исчезнат туку само е сменет, амбасадорот Бејли нагласи дека Балканот поради оваа причина останува една проблематична точка со враќање на странските борци, поради што ја понуди американската поддршка. Меѓудругото, Бејли рече дека една ваква соработка меѓу САД, Македонија, Косово и Албанија спречи еден терористички напад во Скадар минатата година.
Во текот на наредните два дена, учесниците на регионалната конференција ќе ги истражуваат политичките прашања кои се однесуваат на ризиците од странските терористички борци кои се враќаат во родното место, и одговорите на земјите во регионот, заедно со чекорите кои се поврзуваат со безбедноста и борбата против тероризмот.