Stipe Mayiç
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЗАГРЕБ (AA) - Претседателот на Хрватскиот сабор, Божо Петров, денес го прими претседателот на Чешката Република, Милош Земан. Тие разговараа за развојот на економската соработка меѓу земјите, мигрантската криза и за другите актуелности поврзани со Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во текот на средбата во Саборот, Петров и Земан со делегациите разговараа за моменталната политичка ситуација во Хрватска, интересот на чешките компании за вложување во Хрватска, релокациските квоти во контекст на европската мигрантска криза, како и за потребата за долгорочна заедничка надворешна политика и заштита на надворешните граници на ЕУ“, се вели во соопштението од Саборот.
Петров и Земан разменија мислења за инвестицискиот план за Европа, кој лани беше претставен од страна на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан Клод Јункер.
Чешкиот претседател Милош Земан, кој престојува во дводневната службена посета на Хрватска, претходно се состана со хрватската претседателка и со премиерот, и го отвори Хрватско-чешкиот бизнис форум, а ги посети и претставниците на чешкото малцинство во Хрватска.