03 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - На влезот на зградата на Основниот суд во Подгорица, главниот град на Црна Гора, е фрлена бомба, јавува Анадолу.
Според првичните сознанија, има повредени лица.
Првичните информации од полицијата велат дека едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот. Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.
На местото на експлозијата се наоѓаат екипи на брзата помош и полицијата.