Adel Ömeragic
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Службеници од Одделот за неексплодирани убојни средства од Директоратот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, рано утринава од коритото на реката Тара извадија авионска бомба од Втората светска војна, тешка илјади килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, бомбата е пронајдена кај Матeшево, во близина на автопатот.

„Ова е најтешкото поединечно неексплодирано убојно средство пронајдено во последните десет години“, се вели во соопштението.
Се наведува дека бомбата ќе биде отстранета и уништена во согласност со процедурите.