AA
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата дипломат од Амбасадата на Руската Федерација акредитиран во Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството соопштија дека на рускиот амбасадор денеска му била предадена формална нота за оваа одлука во која бил наведен рокот од 72 часа за напуштање на територијата на Црна Гора.
„Причината за донесување на оваа одлука е проценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат, кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, објаснуваат од црногорското МНР.